spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМЛС: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња...

МЛС: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во 9 општини во Вардарскиот регион

Започнува изградба на Стационар за бездомни кучиња, лоциран на територија на општина Кавадарци, со што се решава овој акутен проблем за 150 илјади граѓани во 9 општини од Вардарскиот плански регион.

– Потпишан е договорот за финансирање на регионален проект, со што Владата го решава проблемот со згрижување на бездомните кучиња во Вардарскиот плански регион. Вкупниот буџет на проектот е 20.916.000 денари, а средствата за изградба на стационарот во вредност од 11,5 милиони денари ги обезбедува Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“. Од вкупните средства, 9,5 милиони денари е поддршка од Швајцарската Влада која што се реализира во рамките на проектот, додаде Пенов.

Тој денеска беше на средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев со кој дискутираше за одржливоста на проектот.

– Ја поздравувам иницијативноста на Општина Кавадарци и регионалниот пристап во решавањето на прашањето, кое што би требало да го следат и другите плански региони. Општините се тие кои што најдобро можат да направат проценка, да ги обезбедат сите услови и документи за градење и да понудат конкретни проекти, рече Пенов.

Постои Буџетска програма за рамномерен регионален развој од која што вакви проекти можат да бидат финансирани и во другите плански региони, а може да се обезбеди и донаторско учество како во конкретниот случај, преку Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Со изградбата на стационарот ќе се обезбедат соодветни услови за континуирана грижа на бездомните кучиња преку изградба на централно прифатилиште, а ќе се зголеми и безбедноста на граѓаните.

Преку посебна веб платформа е предвидено да се олесни и начинот на пријавување на проблем од страна на граѓаните, а ќе се изработи и систем за следење и регистрација на бездомни кучиња.

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Карпош: Реакција на соопштение на МВР

0
Општина Карпош реагира на соопштението на Министерството за внатрешни работи по повод тепачка во Злокуќани, а потоа и на Клиничкиот центар Мајка Тереза. Локалната...