spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска во Истанбул на интернационална конференција за животната средина

МЖСПП: Оџаклиеска во Истанбул на интернационална конференција за животната средина

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, учествуваше на  5- тата „ИРЕМКОН“ интернационална конференција за животна средина на тема „Борба против климатските промени и продолжување на меѓународната соработка во областа на управување со отпад“, која од 27 до 28 април се одржува во Истанбул, а беше почесна гостинка и на саемот „ИФАТ“.

Оџаклиеска во Истанбул на интернационална конференција за животната срединаНа интернационалната конференција на која учествуваат институции, компании и граѓански организации од Европската Унија, Балканот и Туркије се разговара за важноста на управувањето со отпадот за циркуларна глобална економија и ефикасна борба против климатските промени.

2Заменик министерката Оџаклиеска која беше еден од главните говорници, истакна дека токму ваквата размена на искуства и помошта пред се од земјите членки на Европската Унија, но и помеѓу институциите и компаниите одговорни за управување со отпад од државите од нашето непосредно опкружување, се повеќе од драгоцени за сите балкански земји, вклучително и за РС Македонија, во достигнувањето на високите европски критериуми во областа на  управувањето со отпадот, примената на најсовремена достапна технологија и етаблирањето на циркуларна економија и во нашата држава.

viber_image_2023-04-28_10-19-49-333На настанот кој се одржува во „Тујап саемски и конгресен центар“ во Истанбул покрај турското министерство за животна средина, урбанизам и климатски промени и турски компании од областа на управување со отпад, своите искуства ги споделија и говорници од институции и компании од Португалија, Хрватска, Бугарија и РС Македонија.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...