spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Спортски активности за деца со попреченост во образовниот процес

АМС: Спортски активности за деца со попреченост во образовниот процес

Спортски активности за деца со попреченост во образовниот процес-Цел на проектот кој треба да го реализира Специјалната олимпијада, АМС и МОН

Агенцијата за млади и спорт организираше работен состанок со претставници од Меѓународната Специјална Олимпијада, кои во соработка со претставници на Специјалната олимпијада на РСМ, вклучувајќи ги сите засегнати институции како Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука и други ќе се вклучат во имплементација на активности насочени кон децата со попреченост и нивната инклузија во спортските активности во рамките на образовниот процес.

Ова е процес, за кој е потребно време, посветеност и вистинска желба за реализација на зацртаните цели на проектот кои ќе обезбедат вклучување на децата со попреченост во сите содржини меѓу кои и учество во спортски активности во склоп на образовниот процес, но и во спортски и граѓански здруженија, клубови и федерации по примерот на развиените земји.

На работната средба учествуваше главниот двигател на социјалната инклузија преку спорт-Дејвид Евангелиста, Регионален Претседател и Управен Директор за Европа, Евроазија. Дејвид Евангелиста ги надгледува програмските операции во 58 земји во Западна Европа, Централна и Источна Европа и Централна Азија обезбедувајќи стратешки насоки и ангажман со јавниот и приватниот сектор за да се подигне свеста и да се добие поддршка. Тој, исто така, ги води акциите за собирање средства за регионот. Евангелиста има големо глобално искуство во областите на владините односи, индустрискиот ангажман, меѓународниот развој и градењето глобално партнерство за поддршка на маргинализираните популации.Тој е основач на Глобалната алијанса за интегритет на спортот (SIGA) и актуелен член на Центарот за спорт и човекови права. Тој е главниот претставник на Лајонс клубот за специјални олимписки игри во Вашингтон, Д.Ц. Евангелиста служеше како гостин говорник за Обединетите нации, Европската Унија, универзитетите, и голем број граѓански организации за прашања поврзани со меѓународниот развој, инвалидитет и односите со владата.

Тој беше денешен гостин во АМС заедно со Марта Џо Брајчич – Потпретседател на Специјална Олимпијада за Европа и Евроазија.

Улогата на Специјалната олимпијада во проектов е промовирање на социјалната вклученост преку унифицирани спортски тренинзи и натпреварувачки искуства, бидејќи заедничкото спортување е само уште еден начин на кој се бришат предрасудите и лажните идеи.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица кои не ги подмириле своите обврски за комунална такса фирмарина за...