spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Бесплатен транспорт до болниците за повеќе категории лица

Ѓорче Петров: Бесплатен транспорт до болниците за повеќе категории лица

Општина Ѓорче Петров во соработка со Црвениот крст на Република Македонија за сите болни, немоќни, изнемоштени и социјално ранливи-категории на лица овозможува бесплатен транспорт до здравствените установи, доколку лицата имаат закажано претходно термин за лекарски преглед.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и секретарот на Црвениот крст, Сузана Тунева Пауновска денеска го потпишаа договорот за бесплатно користење на возилото.

Корисникот кој има потреба од превоз може да се јави на телефонски број 02/15330 во контакт центарот на Црвен крст секој ден во текот на 24 часа. Термин за превоз се закажува минимум 24 часа однапред, по принципот прв дојден-прв услужен. Транспортот се врши во работни денови од 8 до 16 часот.

При закажување на термин потребно е да се дадат целосни податоци. Лицето кое треба да е жител на општина Ѓорче Петров има право на бесплатен превоз финансиран од страна на општината во еден правец, максимум 4 пати во текот на 1 година.

Ова е една од мерките во соработка со Црвениот крст преку која општината ги подобрува социјалните услуги за граѓаните и една од мерките која е планирана за годинава во рамки на социјалниот план на Општина Ѓорче Петров за 2023 година.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...