HomeОпштиниКисела Вода: Партерно се уредува двoрот на манастирот “Св. Пророк Еремијa”

Кисела Вода: Партерно се уредува двoрот на манастирот “Св. Пророк Еремијa”

spot_img
spot_img

Општина Кисела Вода го уредува просторот околу манастирот Св. Пророк Еремија во населбата Пинтија. Во изминатите денови интензивно се работи на поплочување со павер елементи на целиот двор на вкупна површина од 510 квадратни метри.

 

 

Се поставуваат нови клупи и друга урбана опрема, се уредува просторот на амфитеатарот.

Градежните активности финализираат деновиве, во пресрет на патрониот празник Св. Еремија кој се прославува на 13 и 14 мај и локалното население го одбележува со бројни активности, културни манифестации, и обичаи врзани со чествувањето на овој светец.

Со својата одлична локација, како одредиште кое се користи и за изноѓање на духовен мир и спокој, оваа црква е често посетена од страна на многу граѓани и во останатите денови од годината. Токму затоа, партерното уредување на дворот на овој манастир беше едно големо барање од жителите на кое Општина Кисела Вода излезе во пресрет.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија