spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Одржана 21 Регионална ревија на песни музика и игри

Илинден: Одржана 21 Регионална ревија на песни музика и игри

Во Домот на култура во Општина Илинден се одржа 21.Регионална ревија на песни, музика и игри на пензионерски здруженија од регионот, во организација на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, а домаќин е Здружението на пензионери – Илинден.

Домаќинот Здружението на пензионери Илинден чиј претседател е Васе Ѓорѓиевски ги поздрави присутните и им посака успешно да ги претстават своите изведби.

Меѓу присутните беше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека Општина Илинден има одлична соработка со Здружението на пензионери Илинден со цел остварување поквалитетен живот на пензионерите од нашата општина. Оваа Регионална ревија е од исклучителна важност за пензионерите, бидејќи дава придонес во зачувувањето на културната традиција, во негување на фолклорот, дава можност за дружење, социјализација, подолг и поквалитетен живот на пензионерите.

– Ние како локална самоуправа, во рамки на своите можности, како до сега и понатаму ќе излегуваме во пресрет на барањата на пензионерите, ќе ги разгледуваме нивните предлози, сугестии и иницијативи, како и ќе преземаме мерки кои ќе придонесат за збогатување на секојдневниот живот на пензионерите во општина Илинден, изјави градоначалникот Георгиевски.

Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Станка Трајковска, ги поздрави присутните, ја истакна благодарноста кон Општина Илинден за поддршката и ја прогласи ревијата за отворена, каде  учествуваа Здруженијата на пензионери од Илинден, Гази Баба, Кисела Вода, Сарај, ОВР како и Здружение на воени  пензионери, а имаше околу 130 учесници.

Сите учесници се потрудија да презентираат квалитетни изведби , како во пеачката традиција така и во соло изведбите. На крајот на сите им беа доделени благодарници, а најдобрите ќе земат учество на Републичките средби.

ГАЛЕРИЈА:

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...