spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСопиште: Стерилизација и одговорно сопствеништво на домашните миленици

Сопиште: Стерилизација и одговорно сопствеништво на домашните миленици

Општина Сопиште субвенционира бесплатна стерилизација и кастрација на домашни миленици (куче и мачка) за жителите на Општина Сопиште на начин што сопственикот ќе аплицира на пропишан образец во просториите на Општина Сопиште и ќе добие понатамошни инструкции за спроведување на постапката.

Кучињата и мачките имаат висока репродуктивна способност. Имено тие се размножуваат со геометриска прогресија, што значи дека од еден пар кучиња или мачки за 8-9 години може да се добијат до 60 000 потомци.

Со стерилизација, со еднократен трошок кој Општина Сопиште го субвенционира за мачки и кучиња, се избегнуваат последиците кои произлегуваат од несаканите легла како што се:

• Напуштањето на домашни миленици, што е забрането и казниво по закон. Дополнително, напуштањето на мали кученца кои се уште немаат прогледано или цицаат е кривично дело – мачење на животни за што покрај парична е утврдена и затворска казна.

• Дополнителни трошоци за чување на 8-10 нови животни кои исто така треба да се микрочипираат и вакцинираат за што треба да се издвојат финансиски средства и до 14 000 денари за само едно легло (на пример за 8 кученца, 8х800 денари за микрочип, 8х150 за пасош, 8х200 за апликација на микрочип, 8х500 за вакцинација и дехелминтизација итн).

 

 

Извор: Општина Сопиште 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...