HomeОпштиниИлинден: Изградба на паркинг простор во општинското основно училиште ,,Гоце Делчев”

Илинден: Изградба на паркинг простор во општинското основно училиште ,,Гоце Делчев”

spot_img
spot_img

Општина Илинден започна со изградба на паркинг простор за преку 30 возила во ООУ ,,Гоце Делчев”. Паркинг просторот се гради во задниот дел на училиштето на површина од околу 600м2, ограден со зелена површина, а предвиден е дел и за велосипеди.

Увид во градежните активности денеска направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека изградбата на овој паркинг простор е по барање на жителите на општина Илинден и за прв пат откако е изградено училиштето се решава проблемот кои го имаа родителите и вработените во училиштето со паркирање на своите возила.

Проектот за изградба на паркинг просторот е предвиден и во новиот Стратешки план за развој на општина Илинден 2022-2026, и предвидува заштита на локалното зеленило, подобрување на безбедноста на учениците и на севкупните услови за работа во основното училиште  во населеното место Илинден.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте