spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Најхумана општина во Македонија

Карпош: Најхумана општина во Македонија

Според официјалните податоци на Црвениот крст на РСМ, Општина Карпош донирала безмалку 1,5 милиони денари, парични средства наменети за настраданите  лица во катастрофалниот земјотрес кој ги зафати граѓаните на Турција и Сирија. Со овој хуман гест, локалната самоуправа од Карпош уште еднаш го покажа својот солидарен капацитет, на начин што обезбеди убедливо најмногу средства од сите општини на ниво на нашата држава.Според статистиката на Црвениот Крст на РСМ вкупно беа собрани 71 милиони денари од кои речиси девет милиони денари се во материјална хуманитарна помош.

 

Во таа насока, во февруари годинава, општинскиот Совет ја усвои одлуката за доделување на финансиски средства во висина од 1 милион денари за двете настрадани држави. Притоа, советниците од Карпош одвоија по 10% од својот паушал, а општинската администрација и градоначалникот исто така донираа парични средства кои ги уплатија на посебна сметка за солидарен фонд.

 

Инаку, за досегашната плодна соработка и поддршка при имплементација на хуманитарни иницијативи за помош на ранливи групи население, Црвениот крст на РСМ  и додели благодарница на Општина Карпош.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...