spot_img
spot_img

Ѓорче Петров: Во паркот во Ѓорче Петров одбележан 9 Мај – Денот на победата над фашизмот

ОпштиниЃорче Петров: Во паркот во Ѓорче Петров одбележан 9 Мај – Денот...

Најчитано

Во реонскиот парк во Ѓорче Петров вчера се одбележа 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, ден кога бројни делегации на споменикот на борците од НОВ им оддаваат почит на партизанските единици кои ја заокружија вековната борба и стремеж на македонскиот народ и застанаа на страната на македонската слободна држава.

-Честит 9 мај-Денот на победа над фашизмот! Денеска се поклонуваме на хероите за државноста и слободата. Нашата земја и македонскиот народ треба да бидат горди затоа што застанаа на страна на борбата против фашизмот, слободата и независноста и победија во таа борба. Нашата награда за победата е Република Македонија  – рече градоначалникот Александар Стојкоски во своето обраќање.

Стојкоски, кој ја предводеше општинската делегација, истакна дека ваквите датуми треба да не мотивираат заеднички да ја градиме и натаму слободна и независна Република Македонија, овозможувајќи им на идните генерации да живеат во перспективна земја.

-Нека им е вечна слава на борците за суверена држава. Да живее слободна Република Македонија – подвлече Стојкоски.

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ👀👈

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе