HomeОпштиниИлинден: Реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци

Илинден: Реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци

spot_img
spot_img

Општина Илинден отпочна со реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци, кој е во должина од 1500 метри и широчина 5,5 метри, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.

Потребата за реконструкција на овој локален пат е поради неговата лоша состојба кој претставуваше потешкотија во секојдневното одвивање на сообраќајот за граѓаните. Со реконструкцијата на локалниот пат ќе се изврши поставување на нов асфалтен слој како и ќе се реши одводнувањето на коловозот што претставуваше во минатото главен проблем за оштетување на патот.

Целосната реконструкција на патот предвидено е да заврши во наредниот период, а финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

Со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија