HomeОпштиниЦентар: Герасимовски: Инспекцијата спречи незаконско градење на Водно

Центар: Герасимовски: Инспекцијата спречи незаконско градење на Водно

spot_img
spot_img

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски постапувајќи по пријава од граѓани заедно со инспектори од Секторот за инспекциски работи денеска излезе на терен, на Водно каде се забележани градежни дејствија. Станува збор за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја.

„На оваа локација не е предвидена никаква градба затоа веднаш е донесено решение за стопирање на  градежните активности, а сопственикот е повикан во општина каде ќе бидат утврдени следните чекори. Им се заблагодарувам и на жителите за пријавата по која веднаш постапивме. Нема да дозволиме не почитување на законите и уништување на зеленилото заради нечие самоволие“, рече Герасимовски на Водно.

Герасимовски повторно потсети сопствениците да парцелите на Водно да не се излетуваат и ги прекршуваат законите. Онаму каде не е предвидено не смее да се гради, Водно останува на граѓаните.

 

 

 

Извор: Општина Центар

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија