spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Завршува реконструкцијата на уште еден повеќенаменски спортски терен

Аеродром: Завршува реконструкцијата на уште еден повеќенаменски спортски терен

Во боите на Аеродром и МЗТ Скопје, аеродромци добиваат нов повеќенаменски спортски терен за кошарка и фудбал во близина на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.

Со инвестиции од буџетот на Општина Аеродром и во рамките на овој инвестициски циклус, спортските игралишта кои отсекогаш биле симбол на маалската дружба, добиваат нов и модерен изглед.

Новите поставени содржини подразбираат подобри услови за спортистите и рекреативците, а тоа го постигнуваме преку изведба на мултифункционален спортски терен со нова тартан подлога, нови голови и кошеви, ограда, трибини и уредување на околниот простор.
Инвестициите во спортот и инфраструктурата продолжуваат со несмалено темпо. Реконструираме и градиме спортски терени во секое населено место и училиште, со што ја докажуваме нашата заложба и посветеност за развој на спортот, како и поддршката во градењето на нови спортски таленти.

Прочитајте

МДТ: Андоновски – Секој електронски документ кој е изработен од државен...

0
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на новинарско прашање за „360 степени’’ истакна дека законот е јасен и тој гласи дека секој електронски документ...