spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Кривична пријава против полициски службеник за „малтретирање во вршење на службата“

МВР: Кривична пријава против полициски службеник за „малтретирање во вршење на службата“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, по член 143 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот на 13.05.2023 година, околу 20.00 часот во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, против Х.Р. ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а работникот ќе бидат суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка.

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

Карпош: Салата ,,Партизан’’ со ново осветлување

0
Во рамки на реконструкцијата на спортскиот објект ,,Наум Наумовски Борче’’, познат како ,,Партизан’’, изминатиот период се поставуваше ново лед осветлување. Од целосниот простор, употребени...