spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Со изведба на теренски вежби за спасување од под урнатини

Град Скопје: Со изведба на теренски вежби за спасување од под урнатини

Град Скопје, Противпожарната бригада на Градот Скопје, Службата за заштита и спасување и Црвениот крст на Град Скопје  учествуваа во теренски вежби во спортско-рекреативниот центар „Сарај“ заедно со Специјалната единица за одговор при катастрофи од Солун.

Теренските вежби за пребарување и спасување под урнатини се дел од обуките кои се одржуваат по повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Брзата реакција при катастрофи, безбедноста и сигурноста на граѓаните се меѓу приоритетите на Градот Скопје, а тоа на терен секојдневно го докажуваат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада кои несебично се вложуваат за да спасат човечки животи и јавни добра.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...