HomeОпштиниИлинден: Отворен ден во средното училиште

Илинден: Отворен ден во средното училиште

spot_img
spot_img

Средното општинско стручно училиште ,,Илинден” од општина Илинден ширум ги отвори вратите за сите заентересирани кои сакаат да се запознаат со условите за запишување во ова училиште.

На Отворениот ден  идните средношколци и деветоодделенците, нивните родители, како и за сите останати имаа можност да се запознаат и со квалификациите кои ги нуди училиштето, со наставниот план и програма, со проектите и изработките на учениците.

Средното училиште денеска го посети и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека квалитетните услови за образование и реализирање на образовниот процес, како и добрите технички насоки, се важен дел при изборот на учениците во кое училиште ќе го продолжат образованието. Ова училиште ги нуди најсовремените услови за одвивање на образовниот процес, па затоа постои голем интерес кај идните средношколци.

Во рамките на Отворениот ден присутните остварија директна комуникација со дел од наставниот кадар,  разменија мислења со дел од учениците, направија  увид во  условите за престој и учење, во ресурсите и опремата кои се на располагање на учениците. Исто така исните средношколци се  информираа и за  предностите и  можностите кои ги нуди училиштето и електротехничката струка за понатамошно студирање или вработување.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија