spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Основана Федерација на угостителско-туристички училишта со седиште во Скопје

Град Скопје: Основана Федерација на угостителско-туристички училишта со седиште во Скопје

Средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ е домаќин на меѓународната конференција за соработка со средните угостителски и туристички училишта од Балканот.

СУГС „Лазар Танев“ како еден од основачите, иницијаторите и организаторите, под покровителство на Град Скопје за прв пат ја основа Федерацијата на угостителско-туристички училишта со седиште во Скопје.

– Меѓународната соработка на средните училишта е од исклучително значење за унапредување на квалитетот на практичната настава преку размена на добри практики и искуства, а учениците имаат можност да стекнат нови вештини и знаења за да бидат успешни во својата идна професија. Град Скопје континуирано настојува да ги поддржува проектите за промоција на средното стручно образование со кои се подобруваат капацитетите за одржување практична настава и подобрување на знаењата и вештините на учениците – истакна градоначалничката Данела Арсовска во поздравниот говор.

На конференцијата се разменија искуства, добри практики од образовниот процес и практичната настава, а се договорија и идните активности за меѓусебна соработка меѓу учесниците, кои ги претставија активностите на своите училишта. Во федерацијата се приклучија претставници од средни училишта од 12 држави.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

АПЈ: Започна обуката на преведувачи и лектори по албански јазик

0
Како и претходните години, така и оваа година започна обуката на административни службеници, кои работат како преведувачи и лектори на албански јазик во нивните...