spot_img
spot_img

Центар: Герасимовски – Целосно е обновено детското игралиште кај Градски ѕид Блок 3

ОпштиниЦентар: Герасимовски - Целосно е обновено детското игралиште кај Градски ѕид Блок...

Најчитано

Општина Центар целосно го реконструираше детското игралиште во Градски ѕид Блок 3. Игралиштето доби обновени клацкалки, лизгалки, лулашки, покривни и подни површини како и замена на останатите оштетени реквизити. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најави реконструкција на повеќе детски и спортски игралишта во општината.

„Најсилната детска смеа доаѓа од детските игралишта затоа овој период сме посветени на нивна реконструкција низ повеќе населби во општината. Покрај санирањето и замената на оштетените и искршени реквизити општинските служи вршат и чистење и префарбување на игралиштата со цел детската игра да биде уште повесела“, вели Герасимовски.

Општина Центар претходно целосно го реконструираше детското игралиште во Градски ѕид Блок 2, а наскоро ќе ги реконструира спортското и детско игралиште во Капиштец. Општина Центар ќе продолжи да вложува во детската игра и правилниот психофизички развој на децата.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе