HomeОпштиниАеродром: ​Заложбата за почист и зелен Аеродром е реалност – новиот концепт...

Аеродром: ​Заложбата за почист и зелен Аеродром е реалност – новиот концепт за одржување на јавната хигиена дава резултати

spot_img
spot_img

Општина Аеродром минатата недела успешно започна со имплементација на новиот концепт за одржување на јавната хигиена. Концепт кој подразбира зголемен капацитет на работници и механизација и истиот веќе дава сериозни резултати во нашите напори за обезбедување позелена и почиста општина.

 
Водени од нашата идеја за обезбедување чиста и здрава животна средина во Општина Аеродром, минатата недела го промовираше амбициозниот проект за редефинирање на системот за одржување на јавната хигиена. Свесни дека јавната хигиена е од суштинско значење за задоволството на граѓаните и нивното здравје, преземавме сериозни чекори за создавање одржлив проект кој на долг рок го решава проблемот со хигиената и уредувањето на зелените површини во сите населени места во Општина Аеродром. 
 
Новиот концепт и активностите кои се преземени досега веќе ги даваат првичните резултати – искосени тревници и подигнување на хигиена на јавните простори, паркови и улици се реалност во Аеродром. Фактот кој посебно не радува, е дека нашите напори вродуваат со плод и истите се широко прифатени и препознаени од граѓаните. 
 
Општина Аеродром останува посветена на одржување на јавната хигиена. Во комуникација со граѓаните ќе ги дефинираме следните активности кои ќе бидат во нашиот фокус. Упатуваме благодарност до нив за разбирањето, придонесот и прифаќањето на овој концепт. Заедно, можеме да создадеме почиста, поздрава и поубава општина Аеродром.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија