spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМакедонска Каменица: Јавен повик за финансиска помош до еднородителски семејства, деца без...

Македонска Каменица: Јавен повик за финансиска помош до еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители

Врз основа на Правилник за остварување на еднократна парична помош на еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители бр.09-634/1 од 09.04.2021 година и Правилник за измена и дополнување бр.08-1742/1 од 21.09.2022 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски упатува Јавен повик до еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители, за доставување на барање за финансиска помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2023 година.
За остварување на финансиската помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2023 година, потребно е да се достави барање до Општина Македонска Каменица со следните документи во прилог:

  • -Фотокопија од важечка лична карта (или фотокопија на извод од матична книга на родени доколку се работи за малолетни лица);
  • Потврда од Министерство за труд и социјална политика за деца без родители и самохрани родители;
  • Изјава заверена кај Нотар за еднородителски семејства;
  • Потврда за примена плата во последните три месеци пред поднесување на барањето;
  • Потврда од АВРМ, за невработени членови на семејството и
  • Доказ од Управа за јавни приходи, на пријавени или остварени приходи (лични и за членовите на потесното семејство) за претходната година.

 

Јавниот повик се однесува за лица жители на Општина Македонска Каменица.

Потребната документација може да се достави до Архива на Општина Мakedonska Каменица (соба бр.1) или на е-адресата на Општина М.Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk во рок од три месеци сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.

 

 

Извор: Општина Македонска Каменица 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...