HomeОпштиниРадовиш: Продолжуваат активностите од проектот „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“

Радовиш: Продолжуваат активностите од проектот „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“

Под наслов „ТРАНСФЕР НА ЗНАЕЊА, ИСКУСТВА И ДОБРИ ПРАКТИКИ“ во општина Радовиш беше одржана заедничка средба на клучните чинители од проектот „ЗЕЛЕНА ТОПЛИНА“. Гости а воедно и презентери на оваа тродневна активност се партнерите од општина Белишче од Република Хрватска, Г-ѓа Љерка Вучковиќ – Заменик Градоначалник како и претставниците Романо Клајнсчек и Игор Палох.

 

На првиот ден 25.05.2023 год., по поздравните обраќања од страна на Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец и Заменик Градоначалникчката на Белишче, беа одржани презентации под заеднички наслов : Белишче – енергетски независен град,

Проект – изградба на еко топлана и Проект – реконструкција на јавно осветлување во Белишче по ЕСКО моделот.

 

По презентациите, помеѓу присутните и гостите беше отворена дискусија во однос на проблемите, искуствата и практиките околу управувањето на општинските услуги за греење со користење обновливи извори на енергија.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ: ?? Општина Радовиш 

 

 

Извор: Општина Радовиш

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...