spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДојран: Информација за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата во основните и средните...

Дојран: Информација за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата во основните и средните училишта

До Општина Дојран, Владата на Р.С. Македонија достави информација за подобрување на процесите, безбедноста, организацијата во основните и средните училишта.

Меѓу другото се укажува и препорачува на сите основни и средни училишта (во нашиов случај на О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран) преку општината да формираат стручни тимови во соработка со стручните служби на меѓуопштинските центри за социјална работа , на кои фокус на работа ќе им бидат разговори поединечно со секое дете/ученик во училиштето.

Општина Дојран во соработка со стручни лица од Центарот за социјални работи – Гевгелија веќе втора година по ред редовно врши обуки, работилници и разговори со ученици и стручниот тим од училиштето. Исто така, во текот на изминатиот период многу пати се посетени сите подрачни училишта и интервенирано е во оние училишта, односно во оние одделение каде што е детектирана особена потреба од дополнителна работа со учениците.

Свикан е и родителски состанок во едно од подрачните училишта на Општина Дојран од страна на Координаторот на еднакви можности во Општина Дојран и психологот од Центарот за социјални работи Гевгелија.

И понатаму, интензивно ќе се работи на горливите проблеми, особено на проблемот со врсничкото насилство/булинг, се работело и ќе се работи и укажува на препознавање и справување со сопствените емоции, стресот и анксиозноста кај децата во училишен период.

Поради интензивната соработка помеѓу Општина Дојран, Центарот за социјални работи, односно стручното лице – психолог и О.О.У “Кочо Рацин” Нов Дојран, учениците веќе имаат изградено доверба кон тимот кој редовно го посетува училиштето и во неколку наврати остварени се и лични контакти, односно разговор помеѓу учлениците кои имале потреба за тоа и стручното лице – психолог.

Остануваме верни на заложбите, училиштето да биде храм на знаењето, социјализацијата и пријателството.

 

 

 

 

Извор: Општина Дојран

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...