spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Посета на фондацијата Westminster и Клуб на млади пратеници

Илинден: Посета на фондацијата Westminster и Клуб на млади пратеници

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски оствари работна средба со  претставници од фондацијата Westminster како и пратеници од Собранието на Република Македонија, кои се дел од Клуб на млади пратеници, претставниците на Локален младински совет во општина Илинден, како и претставници од Советот на Општина Илинден.

 

 

 

Целта на средбата е пратениците да се запознаат со имплементацијата на младинските политики на локално ниво, младите, законот за млади и младински потреби на локално ниво.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека локалната самоуправа посветува големо внимание на проекти кои го подобруваат квалитетот на  живот на сите млади во општина Илинден, а приоритет ќе бидат и во иднина за реализација на младински проекти. Младинските претставници имаа можност да споделат искуства, препораки и предизвици, а за истите дискутираа со младите пратеници како креатори на законски решенија. Претставниците на Локалниот младински совет го претставија начинот на функционирање за нивната работа со Градоначалникот, Советот на општината и општинската администрација.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...