HomeОпштиниКарпош: Општински ликовен хепенинг за основците

Карпош: Општински ликовен хепенинг за основците

spot_img
spot_img

Во дворот на Кинотеката на РСМ, денеска се одржа традиционалниот ликовен хепенинг на кој учествуваа околу триесеттина ученици од сите основни училишта на територија на Карпош. Оваа ликовна манифестација ја организираа Детскиот ликовен центар и Здружението на ликовни педагози, во соработка со Општина Карпош. Младите уметници во консултација со своите ментори односно наставници по ликовно образование, ги преточија своите уметнички визии на белиот хартиен лист, базирајќи ги своите творби на слободна тема. Притоа, својот ликовен израз тие го демонстрираа користејќи темперна, акварелна и комбинирана техника. Во оваа пригода, основците се согласија да ги подарат своите ликовни креации, кои треба да бидат изложени во новата зграда на Општина Карпош.

Нивниот труд и ангажман го пофали заменик раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес, Анета Марковска Илиевска, која на учениците им додели дипломи за учество на ликовниот хепенинг, додека пак на наставниците – ментори им врачи благодарници.

 

  • Ја поздравувам вашата иницијатива и желба за создавање на уметнички творби. Би сакала да напоменам дека Општина Карпош секогаш ќе ве поддржува и стимулира на патот кон вашиот развој, на начин што и понатаму ќе ги наградува и стипендира талентираните ученици – додаде во своето обраќање раководителката Марковска Илиевска.

 

 

 

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија