spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

Илинден: Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“

За прв пат  во општина Илинден ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св.Троица“, кој претходно има осум годишна традиција во Долно Лисиче.  Жителите на општина Илинден ќе имаат можност да се запознаат со сите гости на овогодишниот фестивал од соседна Бугарија, Србија, Косово како и неколку ансамбли од Скопје, КУД „Гоце Маркоски“ , АНПИ „Илинден“ , ФА „Седенка“  и  ФА „Плетеница“.

Овој фестивал се одржува во чест на празникот Св.Троица.  На 03 јуни  во 17:00 часот од прад спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден, ќе започне фестивалското дефиле со сите учесници по ул.9 се до Домот на култура ,,Илинден” каде што во амфитеатарот со почеток во 18:00 часот ќе се одржи концертот.

Овој фестивал има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување помеѓу народите, запознавање на нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини,  размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци.

Прочитајте

УЈП: Контакт Центарот вашата точка за дирекна комуникација

0
Почитувани даночни обврзници, Во контекст на нашата посветеност кон транспарентна и блиска комуникација со Вас, а по пристигнатите информации за неусогласени состојби во врска со...