spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Градоначалникот Пекевски оствари средба со младите истражувачи Екатерини Самаропулу и Сара...

Берово: Градоначалникот Пекевски оствари средба со младите истражувачи Екатерини Самаропулу и Сара Видинска

Во својот кабинет, Градоначалникот Пекевски, оствари средба со младите и надежни таленти Екатерини Самаропулу и Сара Видинска, заедно со извршниот директор на Народна техника Берово,  Бистра Поп Ѓорѓиева, кои под менторство на наставничката Изабела Бакаловска, неодамна се вратија од Бановичи, Босна  и Херцеговина, каде што успешно се пласираа на Меѓународниот натпревар на млади истражувачи и техничари,  ,,Бановичи 2023″.

Екатерини Самаропулу,  во категорија агротехника, со проектот ,,Хидропонична кула”, освои златен медал, а Сара Видинска, во категорија високоградба, со проект ,,Концетрна хала во Сиднеј”, освои благодарница.

Градоначалникот Пекевски, упати благодарност за афирмацијата на Општина Берово во меѓународни рамки и им посака низ работа и труд, да продолжат да постигнуваат високи резултати.

Младите истражувачи, ги пренесоа своите впечатоци од натпреварувањето, убавите дружења и истакнаа дека тоа е едно прекрасно искуство за нив.

Преку  Народна Техника од Берово, голем број на ученици, успешно се пласирале на бројни натпревари, со што,  користеле и стипендии преку Министерството за образование и наука,  донеле успеси и за општината и  ја претставиле во вистинско светло.

Напред ученици, Берово се гордее со Вас!

 

Извор: Општина Берово

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...