spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБрвеница: Успешен почеток на кампањата Потпис

Брвеница: Успешен почеток на кампањата Потпис

Успешен почеток на кампањата „Потпис: Искрено Ваш/а социjaлен работник/социјална работничка“!

Ја започнавме на првиот ден од месец јуни, кој воедно е Меѓународен ден на децата (#InternationalChildren’sDay) и Глобален ден на родителите (#GlobalDayofParents).

?? Нашата колешка Магдалена Веселиноска одржа успешна средба со претставници и претставнички на градинка, основно училиште, организации од општина Брвеница и претставници од Единицата на локална самоуправа – Општина Брвеница во просториите на Единицата на локална самоуправа – Општина Брвеница. Голема благодарност до Магдалена за ангажманот и на сите учесници за успешната средба! Голема благодарност и до ЕЛС Општина Брвеница за соработката!

?Нашата Магдалена Веселиноска на средбата со засегнатите страни од општина Брвеница презентираше и ги информираше учесниците за:

* улогата на социјалните работници и социјалните работнички во стручната работа со деца и семејства

* улогата на социјалните работници во образование

* превентивна социјална работа – заштита и спречување на врсничко насилство

* врсничко насилство и стручна социјална работа.

? На средбата се спроведе и успешна дискусија за:

*Идентификувани проблеми и ризици во општина Брвеница?

*Предлог активности за надминување на идентификуваните проблеми и ризици?

*Предлог активности за вклучување на социјалните работници на локално ниво?

*Очекувани промени од можните активности?

?? По завршувањето на кампањата „Потпис: Искрено Ваш/а социjaлен работник/социјална работничка“, Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, ќе ги сумира сите наоди, идеи и препораки за соработка од дискусиите во еден документ, како резултат на сите спроведени средби и активности; документот ќе биде јавно објавен и споделен.

? Кампањата ја спроведуваме во рамки на годишниот организациски план на активности на Здружението на социјалните работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје.

?? ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ! СЛЕДЕТЕ НÈ!

 

 

 

 

Извор: Општина Брвеница

Прочитајте

АМС: Поддршка на младинското учество во развивање на ефективни младински политики...

0
Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на...