HomeОпштиниГостивар: Се формира Центар за обука на лица со потребни вештини

Гостивар: Се формира Центар за обука на лица со потребни вештини

spot_img
spot_img

Општина Гостивар, во соработка со УНДП и приватниот сектор, формираше професионална кујна за здрава храна и Центар за обука на лица со потребни вештини.

Овој ЈПП проект опфаќа повеќе обуки од областа на угостителството, кујна за производство на храна и локации за здрава храна во основните и средните училишта од Гостивар.

Првата обука е „Подготвувач на слаткарски производи“, која е финансирана од УНДП, посветена на лица со основно образование и лица со посебни потреби кои сакаат да се обучуваат.

Обуката опфаќа 280 часа во кои кандидатите ќе имаат можност да се запознаат со слаткарски производи, додека на крајот од обуката ќе бидат издадени сертификати издадени од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука.

Целта на овој проект е стекнување работни вештини за ранливите групи, а заинтересираните можат да се пријават на емаил: pellarestaurant@gmail.com и телефон: 042 622 666.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија