spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Јавен повик “Клуб на семејства со деца со даунов синдром и...

Струмица: Јавен повик “Клуб на семејства со деца со даунов синдром и семејства со лица со даунов синдром”

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со даунов синдом „Вера“ Струмица во партнерство со Општина Струмица отвора „Клуб на семејства со деца со даунов синдром и семејства со лица со даунов синдром“, во рамките на функционирањето на Повеќенаменскиот Социјален центар во Струмица, соодветно на потребата за реализацијата на Активност бр. 2 од Програмата V2-Социјална заштита за 2023 година на Општина Струмица. За реализација на пилот проектот Здружението „Вера“ објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За членување во Клубот на лица со даунов синдром и семејства со лица со даунов синдром.

Во реализација на активности на Клубот кои ќе се реализираат во наредните 12 месеци ќе бидат опфатени 15 семејства со деца или возрасни лица со даунов синдром (родово балансирани, или 5 активни + 10 пасивни) со нивните семејства од општина Струмица со можен опфат на дополнителни 10 семејства со деца и возрасни лица со даунов синдром од микрорегионот.

Реализацијата на сите планирани активности ќе биде во согласност со Програмата – Оперативниот план за работата на Клубот, а како главни активности на почетокот на реализацијата на пилот проектот ќе биде ставањето во функција на интерактивно, инклузивно, едукативно и забавно рекреативно катче за децата и лицата со даунов синдром кои ќе работата под менторство на Едукатор-аниматор-тутор, во рамките на целиот 12-месечен период усогласен со Програмата-оперативниот план, односно ќе се спроведуваат активности по посебен протокол и работна програма која дополнително ќе ја состави стручното лице, секако варијабилна и прилагодлива спрема условите, потребите и можностите на самите крајни корисници (децата и лицата со даунов синдром), дел од клубот.

Ставањето во функција на катче за психосоцијална помош и поддршка на семејствата со деца и лица со даунов синдром во кое семејствата од страна на стручно лице редовно еднаш неделно, во рамките на целиот период на функционирање на клубот, поединечно или како групна работна терапија ќе имаат можност психолошки и емоционално да зајакнат и се ослободат од стегите и проблемите со кои се соочуваат во нивниот живот.

Ставање во функција на неформално инклузивно катче за дружење, размена и споделување на искуства помеѓу семејствата со деца и лица со даунов синдром во функција на обединување и здружување во процесот на остварувањето на своите права и промена на сегашната состојба.

Сите заинтересирани лица со даунов синдром и семејства со лица со даунов синдром можат да се пријават за членување во Клубот кај лицето Анче Туфекчиева, контакт: 072 600 412 или на е-маил: zdruzenievera@outlook.com, најдоцна до почетокот на официјалното отпочнување со работа на Клубот, 15 јуни 2023 година.

Извор: Општина Струмица 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...