spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Создаваме еднакви можности за сите, родовата еднаквост се постигнува преку дела

Центар: Создаваме еднакви можности за сите, родовата еднаквост се постигнува преку дела

„Секој од нас има право на еднакви можности без разлика на полот. Да ги промовираме вредностите на еднаквост и почитување. Да промовраме еднаквост во образованието и кариерниот развој и да го слушнеме гласот на оние кои имаат потреба од нас. Само заедно и еднакви можеме да создадеме подобро општество и подобри услови за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на вчерашниот настан по повод родовиот баланс во институциите.

Герасимовски кој беше говорник на настанот „Родов активизам – чекот за исполнети соништа“, организиран од МТСП сподели дека Општина Центар е мала институција која може да биде пример за отворање еднакви можности за двата пола. И само преку примери младите може да научат за вистинските вредности и како да се  имплементираат во секојдневното живеење. Притоа напомена дека во општината има девет сектори и две независни одделенија во кои мнозинството на раководителите се жени.  Советот на општината брои 23 советници, од кои 11 се жени и 12 мажи. Со општинскиот совет веќе втор мандат претседава жена – претседавачка. Додека во надлежност на Општина Центар има 8 основни училишта и 3 детски градинки, кои ги раководат директорки – жени.

 

 

“Овие бројки зборуваат дека Општина Центар можеби е малку родово неизбалансирана, секако во корист на жените. Но, ова се случува затоа што на сите наши вработени им се дадени еднакви можности за професионален развој и сите овие жени кои стигнале до највисоките административни позиции покажале извонредни квалитети, посветеност и професионалност во работењето. Мојата поента е дека до родова еднаквост и родов баланс се стигнува единствено преку дела и активности за препознавање и промоција. Единствено преку обезбедување еднакви можности за сите“ , рече Герасимовски.

 

Притоа напомена, во Општина Центар активно работи и Комисија за еднакви можности која преку својата годишна програма реализира низа активности за одржување и промоција на родовиот баланс во општината. А дополнително се организираат и едукации и квалификации за невработени лица како помош во градењето на подобра иднина.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

 

 

 

 

Прочитајте