spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Јунска Крводарителска акција

Карпош: Јунска Крводарителска акција

Во знак на хуманоста и солидарноста, Општина Карпош и Здружението ГалИцко во соработка со Црвениот Крст на Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина , на 13 јуни (вторник) ќе организираат голема крводарителска акција во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“од 09:00 до 17:00 часот.

Карпошани во уште една прилика ќе ја покажат својата човечност и ќе даруваат крв со цел да се спаси нечиј живот. Според статистиките, Општина Карпош е на врвот во собрани најголем број крвни единици меѓу сите општини во нашата држава.

Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат во акцијата.

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...