spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Основците, прво и второ место на општинско натпреварување-Црвен крст 2023

Ѓорче Петров: Основците, прво и второ место на општинско натпреварување-Црвен крст 2023

Децата од основните училишта од Ѓорче Петров покажаа одлични резултати на Општинскиот натпревар по прва помош-2023 во организација на Црвениот крст.  Од 27 екипи, по 7 ученици во тим, основците од ООУ „Мирче Ацев“ го освоија првото место, додека ООУ „Тихомир Милошевски“ второто место.

Победниците на натпреварувањето денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој лично им честиташе на децата и кадарот кој работи со нив.

-Честитки за овие амбициозни и прекрасни деца кои ги добија сите пофални зборови и од организаторот на натпреварувањето, како одлични репрезенти на училиштата. Од нашата општина пријавени беа сите шест училишта и пристапија доста сериозно и одговорно кон натпреварувањето. Освен натпреварувачки карактер, целта беше и запознавање на децата со првата помош и ингеренциите на Црвениот крст – рече Стојкоски.

Многу сум задоволен од резултатите, додаде, особено затоа што годинава првпат остваривме ваков вид соработка со Црвениот крст-Карпош и ова е одличен резултат како за прво натпреварување на образовните институции од Општина Ѓорче Петров.

-Ова е еден од начините заедно со ваквиот тип организации како што е Црвениот крст да ги поттикнеме најмладите да го засакаат и практикуваат волонтерството како една доста хумана гранка која честопати е од голема помош. Се надевам дека дел од овие ученици понатака хумано ќе делуваат во средините каде што ќе има потреба од делување – подвлече Стојкоски.

Општинското натпреварување беше на ниво на општините Ѓорче Петров, Карпош и Сарај. Првопласираната екипа оди директно на градското натпреварување кое ќе се одржи на 15-ти јуни.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...