spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаГрадоначалник Георгиевски: Награди за вработените по повеќе основи, право на регрес на...

Градоначалник Георгиевски: Награди за вработените по повеќе основи, право на регрес на годишен одмор и јубилејна награда

1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Илинден?

Веднаш по превземање на функцијата градоначалник на Општина Илинден најпрво се направи функционална анализа со цел скенирање и преглед на моменталната состојба, а потоа преку анализа се дојде до предлози за нова организација според која беше изработен и нов Правилник за систематизација на работните места во Општина Илинден со кој се утврдија повеќе работни места како за унапредување така и за нови вработувања со цел поефикасно и побрзо решавање на барањата и предметите на граѓаните.

 

2. Што се предвидува и следува со Колективниот договор во општина Илинден, какви идеи и проекти имате за подобрување на работните услови за вработени?

За прв пат во Општина Илинден е формирана Синдикална организација на вработените во Општина Илинден со која во октомври 2022 година потпишавме Колективен договор со кој се унапредија работничките права со усогласување на платите на вработените со минималната плата, воведовме награда за вработените по повеќе основи право на регрес на годишен одмор, јубилејна награда и други прашања во врска со работниот однос на вработените во Општина Илинден.

3. Дали ќе воведете награда за најдобар административен службеник и најдобар млад административен службеник во тековната година?

Во самиот Закон за административни службеници е предвидено награда за службеникот кој ќе биде оценет како најдобар на начин утврден во законот што не е поврзано со возраста на вработениот.

 

4. Како и дали треба да се направи реорганизација во општина Илинден, кои се вашите мерки и идеи?

 

Како што веќе напоменав во едно од претходните прашања веќе направивме функционална анализа според која донесовме нова одука за внатрешна организација, со зголемивме бројот на одделенија и донесовме нов Правилник за систематизација на работните места со што во Општина Илинден направиме една реорганизација, го зголемивме бројот на извршители пред се онаму каде имаше поголем застој на решавање на предметите и со тоа овозможивме подобрување на услугите кон граѓаните.

5. Дали и на кој начин ќе ја поттикнете спортската и хуманата страна на вработените во општина Илинден ?

 

Сметам дека Општина Илинден важи за хумана општина. Воведоме надоместок за еднократна парична помош за секое новороденче за жителите на Општина Илинден, во соработка со Советот на Општина Илинден беше донесена одлука за хуманитарна помош за настраданите семејства од земјотресот во Турција и Сирија, по повод велигденските празници беа организирани хуманитарни акции за доделување пакети за социјално загрозени лица, редовно се организираат крводарителски акции во кои учествуваат и вработените во Општината.За поттикнување на спортот се доделуваат награди за успешни спортисти.

6. Кои се вашите клучни проекти што ги направивте во досегашниот мандат како градоначалник ?

 

Како клучни проекти што ги реализиравме досега од превземање на функцијата Градоначалник на Општина Илинден би ги издвоил следните проекти:
– Изградивме и пуштивме во употреба ново основно училиште во населба Илинден кое располага и со сензорна соба за поголема инклузија на децата со попреченост
– За прв пат воведовме настава со продолжен престој за учениците од прво одделение
– Воведовме еднократна парична помош за секое новороденче за жителите на Општина Илинден
– Во рамки на проектот „Градежна ифанзива“ извршена е реконструкција, рехабилитација и изградба на 46 локални улици и патишта со што значително се придонесе кон подобрување на локалната патна инфраструктура
– Изградени се пешачаки и велосипедски патеки во должина од 3.731 метри
– Подобрување на сообраќајната сигнализација, за прва пат во соработка со ЈП Македонски железници и инфраструктура реконструирани се трите патни железнички премини во Илинден, Миладиновци и Дељадровци
– Реконструиран е кровот на Детската градинка ЈОУДГ „Гоце Делчев“ и поставени се фотоволтаични панели
– Проширување на водоводната мрежа во вкупна должина од 1794м
– Редовно чистење на каналската мрежа
– Реконструрани се детските игралишта, отворено е ново детско катче и отворено е прво детско инклузивно игралиште
– реализиран е проектот „Зелена општина“ во рамки на кој беа зададени околу 60.000 садници
Ова се само дел од повеќето проекти што ги реализирав досега а за сите подетално може да се види на веб страната на општината како и во годишните извештаи.

7. Дали ќе имате партиски реваншизам и отпуштање на административните службеници и вработените во општина Илинден по основ на политичка партија и на кој начин ќе гарантирате дека нема да се случи?

 

Во никој случај нема да има, таканаречен „партиски реваншизам“, затоа што административните службеници вработени тука во Општина Илинден, си имаат сите свои задачи и одговорности. Единствено што очекувам од сите вработени без разлика во кој мандат се вработени, да си ги извршуваат своите задачи и одговорно да се однесуваат на своите работни места затоа што сите ние сме тука да им служиме на нашите сограѓани.

8. Дали ќе им дадете вистинското значење, дејствување и положба на синдикатот во општина Илинден за унапредување и заштита на работничките права?

 

Да,лично го поддржувам дејствувањето на Синдикатот на вработените во Општина Илинден , и како раководство ги почитуваме работничките права на вработените.

 

9. Дали ќе овозможите едукација и усовршување на административните службеници и вработените во Општина Илинден преку размена на проекти програми и семинари и доколку е ДА на кој начин?

 

Дефинитивно, континуирано им овозможуваме на вработените да посетуваат семинари, работилници, обуки, форуми, во зависност од темата и намената нормално се праќаат соодветните административни службеници и се изработуваат и програми за обуки согласно законските надлежности.

10. Колку капитални проекти предвидувате, колку домашни и странски инвестиции ќе донесете и колку нови работни места ќе отворите во општина Илинден ?

 

Локалната самоуправа на Општина Илинден континуирано работи на зголемување на локалниот економски развој, подбрување на бизнис климата,се одржуваат состаноци , средби со инвеститори, се остваруваат билатерални средби со амбасадори, се склучуваат меморандуми за соработка се со цел да се остварат повеќе инвестиции во општината и да се отворат нови работни места.
Во делот на капитални проекти кои планираме да ги реализираме во Општина Илинден ќе ги издвојам следните проекти : реконструкција на коловоз на локалниот пат Миладиновци-Бујковци ,реконструкција на патот Хиподром-Илинден, понатаму како капителен проект ќе издвојам изградба на фекална канализација во населеното место Илинден, потоа промена на азбестниот покрив на општинското основно училиште Ристо Крле во н.м Кадино, доградба на објектот на детската градинка во Општина Илинден, изградба на мултифункционално игралиште.
Бројот на нови работни места е поврзан со изградбата на нови објекти на подрачје на Општина Илинден а во изминатиот период се издадени околу 18 одобренија за градење за индустриски објекти од кои се очекува да се отворат поголем број нови работни места.

 

Извор: Javnaadministracija.mk 

Прочитајте