HomeОпштиниИлинден: Асфалтирање на локалниот пат Миладиновци-Бујковци

Илинден: Асфалтирање на локалниот пат Миладиновци-Бујковци

spot_img
spot_img

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта Општина Илинден го реконструира локалниот пат Миладиновци-Бујковци, кој е во должина од 1500 метри и широчина 5,5 метри.

Со реконструкцијата на локалниот пат деновиве се врши поставување на нов асфалтен слој како и решавање на одводнувањето на коловозот што претставуваше во минатото главен проблем за оштетување на патот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски информираше дека потребата за  реконструкција на овој локален пат, кој ги поврзува трите населени места, Миладиновци, Бујковци и Мршевци беше поради неговата лоша состојба што претставуваше потешкотија во секојдневното одвивање на сообраќајот за граѓаните. Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а реконструкцијата на овој локален пат е дел и од Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022-2026. Со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.

 

Извор: Општина Илинден 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија