HomeОпштиниКарпош: Поддршка за Велосипедистите

Карпош: Поддршка за Велосипедистите

spot_img
spot_img

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска во својот кабинет одржа иницијативна средба со членови на раководството на Здружението за друмски и планински велосипедизам „Маседониан Бајк Рајдерс“. На состанокот, претставниците на оваа невладина организација го информираа првиот човек на локалната самоуправа за нивните неодамнешни активности, односно за аплицирањето на нивниот предлог-проект во рамки на Глобалниот еколошки фонд  – ГЕФ.

 

Оттука спонтано произлезе и иницијативата за понатамошна соработка меѓу Општината и  Здружението за велосипедизам, која има за цел да ги реализира заедничките интереси, кои практично се содржани во сите точки од горенаведениот предлог-проект. Имено, станува збор за одржување на работни средби за отворање на можности за воведување на нови велосипедски политики. Во план е и организирање на национална конференција за употреба на велосипеди, како и одржување на национално дефиле во кое би учествувале над стотина љубители на велосипедизмот.

 

Во оваа пригода, Јакимовски се согласи да ја поддржи целосната програма зад која што стојат членовите на „Маседониан Бајк Рајдерс“, која пак подразбира организација на настани, како и заедничка координација и учество во проекти од јавен интерес.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија