spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Муцунски - Ветувањата за поубава општина стануваат реалност, континуираните инвестиции се...

Аеродром: Муцунски – Ветувањата за поубава општина стануваат реалност, континуираните инвестиции се потврда за тоа

Аеродром е општина која последните две години забрзано се развива, а големиот број проекти се потврда за континуитетот во реализацијата на инфраструктурните инвестиции. Како дел од последниот циклус инвестиции, кој започна пред неколку месеци, Општина Аеродром реконструираше и пушти во употреба нов велодром, како и пет современи спортски игралишта на три блиски локации во срцето на Аеродром.

Станува збор за проекти имаат цел да го унапредат нивото и квалитет на спортско-рекреативната инфраструктура, да го збогатат образовниот процес за учениците и да обезбедат содржини кои овозможуваат правилен физички развој на најмладите. Со новиот велодром, се поттикнува користењето на алтернативни средства за превоз, безбедноста и сообраќајната култура, додека со петте нови повеќенаменски спортски игралишта за фудбал, кошарка, одбојка и други спортови, обезбедуваме простор за спорт и рекреација на сите граѓани од овој дел на Аеродром.
 
Ваквите инвестиции кои се реализирани од буџетот на Општина Аеродром продолжуваат и следниот период. Аеродром останува општина која забрзано расте и се развива и општината која вложува во капитални инвестиции и на тој начин ги решава најважните проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните во секојдневието. 
 
Летниот период и раната есен, за аеродромци значат реализација на уште многу проекти и пуштање во употреба на неколку километри нови улици, нови паркинзи, паркови и зелени површини и ред други инфраструктурни проекти.

Прочитајте

Карпош: Еко викенд со ,,Генералка Викенд“

0
Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, ,,Генералка Викенд“, во која се спроведе активно чистење на територија на цел Карпош,...