spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Трето прскање против лаври од комарци

Град Скопје: Трето прскање против лаври од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда (21.06.2023 година), ќе се реализира третата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци, односно:

 

– Авионската дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 21.06.2023 (среда), во раните утрински часови.

– Терестричната дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 21.06.2023 (среда), во текот на денот.

 

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Карпош: Еко викенд со ,,Генералка Викенд“

0
Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, ,,Генералка Викенд“, во која се спроведе активно чистење на територија на цел Карпош,...