HomeОпштиниДојран: Дојран Гурман Фест

Дојран: Дојран Гурман Фест

spot_img
spot_img

Општина Дојран изминатиот викенд беше домаќин на традиционалниот настан – “Дојран гурман фест”, културен настан на кој се презентираа со децении стари рецепти, кулинарски специјалитети кои сите ги сакаме, уживаме вкусувајќи ги и со задоволство ги споделуваме со блиските и саканите луѓе.

Случување кое ја поддржува и слави автентичноста на Дојран.

Среќни сме и благодарни што имавме можност да го уживаме спојот на кулинарството и уметноста, старото и модерното, едноставно преку оваа манифестација неколку часа уживавме во магијата и уникатноста на Дојран.

Убедени сме дека “ДОЈРАН ГУРМАН ФЕСТ” ќе продолжи да сведочи за многу успеси, на настанот ќе се откриваат нови кулинарски таленти, ќе се споделуваат рецепти, ќе се зборува на нашиот милозвучен и единствен дојрански дијалект и ќе се споделуваат само убави емоции.

Наша цел е оваа манифестација да биде точка на спојување на сите оние кои ја чувствуваат магијата на тоа да се биде еден од креаторите на гастрономското и културно  доживување во нашиот Дојран. Благодарност до учесниците на настанот, огромна благодарност до Здружението на жени „Дојрана“, медиумските покровители како и до сите кои се потрудија за „Дојран гурман фест” да биде уживање за сите сетила.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија