HomeОпштиниДојран: Здравствена Безбедност На Водата – Извештај Од Тестирање

Дојран: Здравствена Безбедност На Водата – Извештај Од Тестирање

spot_img
spot_img

Водата од Дојранското Езеро е во одлична состојба!

Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од страна на Центарот за јавно здравје, Велес, покажаа дека истата е во ОДЛИЧНА СОСТОЈБА и е БЕЗБЕДНА за капење и рекреација на луѓето!

Според неодамнешните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико” од страна на Центарот за јавно здравје, институција со докажан квалитет која успешно работи години наназад, докажано дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и не постои пречка луѓето слободно да се капат и да уживаат во рекреативни активности во водата. ??‍♀️

Резултатите од испитувањата на езерската вода се идентични со минатата година, односно, истите ја истакнуваат нејзината непроменета одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.

Во текот на летниот период од страна на Центарот за јавно здравје, Велес, неколку пати се земаат примероци од езерската вода за нејзино тестирање.

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија