spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Бачовски - Доделени 16 решенија за ко – финансирање на...

АФПЗРР: Бачовски – Доделени 16 решенија за ко – финансирање на инвестиции во рибарство и аквакултура во вредност од 550 илјади евра

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски остварија средба со корисници на програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата.

Врачени беа 16 решенија за ко – финансирање на инвестиции во рибарство и аквакултура со вкупна финансиска поддршка од 33 милиони денари.

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат регистрираните репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал, концесионерите на риби за вршење на стопански риболов како и субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура како огледувачи или преработувачи на риба.

Одобрените инвестиции се ко – финансирани во висина од 50% – 65% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци. Доделената финансиска поддршка е неповратна, а се исплаќа по целосна реализација на инвестицијата и врз основа на поднесено барање за исплата и завршени административни и теренски контроли.

,,Поддршката во рибарството и аквакултурата е уште еден механизам преку кој Агенцијата за финансиска поддршка ги стимулира соодветните корисници да инвестираат во домашното производство и преработка на риба и рибни производи. Со овие 16 решенија опфатени се инвестиции кои предвидуваат изградба на мандра, пумпни станици и цревни инсталации, поставување на фотонапонски панели на рибници, набавки на товарни возила за достава на риба, цистерни за транспорт на риба, инкубатори и преработувачка опрема. Интересот кој постои кај инвеститорите како и завидната поддршката која се доделува дополнително потврдува дека Северна Македонија има одлични предуслови за понатамошен развој на рибарството и аквакултурата како сектори кои и во иднина ќе се поддржуваат преку европскиот фонд за земјоделство и рурален развој – ИПАРД III’’ – истакна директорот Бачовски.

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Прочитајте