spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Бачовски во посета на винаријата Вардарска Долина - Поддршка од европскиот...

АФПЗРР: Бачовски во посета на винаријата Вардарска Долина – Поддршка од европскиот фонд – ИПАРД за инвестиции во преработувачки капацитети за земјоделски и рибни производи

Директорот на ИПАРД Агенцијата Никица Бачовски  ја посети винаријата Вардарска долина во с.Курија – Неготино.

Оваа винарска визба е успешен корисник на ИПАРД програмата и мерката за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Оваа винарија е основана во 2000-та година со капацитет од над 800.000 шишиња квалитетно вино од сортата Шардоне, Траминец, Темјаника, Вранец, Пинот Ноар, Мерлот и останати сорти.

Суровината за производство на вино винаријата го обезбедува од сопствените насади како и преку соработка со локални земјоделци – производители на грозје.

Како прифатлив субјект, винаријата аплицирала на повик од ИПАРД програмата за поддршка на инвестиција која предвидува градежни работи за доградба на винаријата во С.Курија, набавка на опрема и општи трошоци за консултантски услуги и изработка на Основен проект.

По административната евалуација на апликацијата, Агенцијата и винаријата Вардарска долина склучија договор за финансиска поддршка кој беше реализиран и истиот е исплатен со што одобрената инвестицијата е ко – финансирана од ИПАРД фондот со поддршка во вредност од 23.8 милиони денари.

,,На изминати скоро 6 години од имплементацијата на ИПАРД II програмата, статистиката, бројките но и инвестициите како оваа во која лично може да се увериме, силно говорат за влијанието на европскиот фонд за земјоделство и рурален развој во развојот на земјоделството и преработувачката индустрија. Над 60 милиони евра беа ставени на располагање во изминатиот период за модернизација на целокупниот сектор, а повеќе од 2300 корисници имаа можност да добијат право на финансиска поддршка од Агенцијата. На наше задоволство, а верувам и на сите потенцијални апликанти и корисници за многу брзо се очекуваат и првите јавни повици од ИПАРД III програмата за која Европската комисија одвои буџет од 96 милиони евра” – истакна директорот Бачовски.

Ги известуваме сите заинтересирани апликанти дека во тек е и последниот јавен повик од ИПАРД II каде преработувачите може да аплицираат за нова опрема за преработка како и за инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби. За овој повик се обезбедени 8.8 милиони евра за ко – финансирање на инвестциии до 50% од вкупните прифатливи трошоци, а крајниот рок за аплицирање е 18-ти септември 2023 година.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...