spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Реконструкцијата на основните училишта се во завршна фаза

Бутел: Реконструкцијата на основните училишта се во завршна фаза

Почетокот на училишната година се очекува со нетрпение. Градоначалникот Дарко Костовски се залага сите ученици да учат во модерни и средени училишта, со квалитетни услови за следење на наставата.

Во летниот период се реконструираа и уредуваа општинските основни училишта. Во ООУ “Петар Здравковски Пенко” се работи на нови училници, преадаптација на постоечкиот простор и се обезбедени нови клупи.

Во ООУ “Св. Климент Охридски” се работи на реконструкција на фасадата, којашто беше оштетена од невремето, како и на уредување на други делови од училиштето.

За сите првачиња е обезбедено и ранче со училишен прибор.

Грижата за учениците е секогаш приоритет на градоначалникот Дарко Костовски. Негова заложба е обезбедување на квалитетни услови за следење на наставата.

Прочитајте