spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Општината подготвена за новата учебна година

Бутел: Општината подготвена за новата учебна година

Денес, градоначалникот Дарко Костовски одржа работен состанок со директорите на основните општински училишта и директорката на градинката. На состанокот се разговараше за тековните активности и за претстојната учебна година.

Сите општински основни училишта се подготвени за почетокот на новата училишна година.

Летниот период беше активно искористен за реконструкции и реновирања во училиштата. Се реконструираат и тоалетите во дел од училиштата, како и останато партерно уредување.

Градоначалникот Дарко Костовски ги извести директорите дека за првачињата е обезбедено ранче и училишен прибор. Исто така, во текот на првото тромесечие, на сите ученици ќе им бидат доставени и униформите.

Прочитајте