spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: И годинава ќе има дневен престој за УЧЕНИЦИТЕ

Карпош: И годинава ќе има дневен престој за УЧЕНИЦИТЕ

Почитувани, ве информираме дека и годинава во основните училишта во Општина Карпош ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение. Нашата посветеност и грижа за најмладите карпошани e искрена и континуирана и секогаш во интерес на децата.

 

Тоа до сега многу пати сме го докажале преку различни проекти за доделување на стипендии за талентирани ученици и спортисти, бесплатни ужинки, постојани реконструкции на училишните објекти…

Оттука, непријатно сме изненадени од неодговорниот однос на одредени советници и згрозени сме од нивниот обид преку ширење лаги и шпекулации за наводно укинување на дневниот престој на четвртоодделенците што е апсолутна невистина, да заработат одредени политички поени на сметка на нашите најмлади сограѓани.

 

 

Со почит, Општина Карпош

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте