HomeОпштиниАеродром: Хуманитарен „Back to School“ настан за поддршка на Лео

Аеродром: Хуманитарен „Back to School“ настан за поддршка на Лео

spot_img
spot_img

На почетокот на новата учебна година и враќањето на дечињата во училишните клупи, Општина Аеродром во соработка со Капитол мол, повторно го организира традиционалниот „Back to School“ настан. Настанот кој освен забавен ќе има и хуманитарен карактер ќе се одржи на 3 септември (недела), на платото пред трговскиот центар „Капитол“ со почеток од 18:00 часот.

Оваа година подготвивме уште една хуманитарна и забавна манифестација. Низ богата забавна и музичка програма ќе уживаме во настапите на македонски и локални артисти. Забавата за сите ученици од Аеродром ќе биде отворена со настап на детскиот хор „Поточиња“, по што свои настапи ќе имаат популарните Некст Тајм, Огнен Здравковски, Таско, Пајак, Лара Иванова, Теа Трајковска и други артисти.

Општина Аеродром ги поканува сите граѓани, заеднички и на убав начин да го одбележиме почетокот на новата школска година и со поддршката за лекувањето на Лео уште еднаш да покажеме дека Аеродром е хумана општина.

 

 

 

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија