spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Одбележан почетокот на новата школска година

Аеродром: Одбележан почетокот на новата школска година

Со интонирање на државната химна, со многу насмевки и радост, денеска во основното училиште „Браќа Миладиновци“ каде што неодамна заврши реконструкцијата на внатрешноста и надворешноста, свечено беше одбележан почетокот на новата учебна година. На официјалниот настан присуствуваа градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Градоначалникот Муцунски нагласи дека Општина Аеродром ги обезбедила сите неопходни услови за непречен почеток на школската година, а во своето обраќање им посака успешен почеток на сите ученици од основните училишта во Аеродром. Во својот говор, тој потенцираше дека во следниот период ќе продолжат инвестициите во образовната инфраструктура со кои се обезбедуваат модерни услови за одржување на наставата, а со тоа и квалитетен и современ образовен процес.

„Новиот почеток го одбележуваме во едно од основните училишта каде што во изминатиот период, по долг временски период се изврши целосна реконструкција на внатрешноста. Денеска сите ние се наоѓаме во поубаво училиште, каде што од утре учениците ќе учат во значително подобри услови. Наша обврска е преку континуираните инвестиции да создаваме услови за непречено одвивање на наставата, а ваша обврска и задача е да дадете се од себе за преку едукацијата да ги остварите вашите соништа, цели и замисли. Ајде заеднички да чекориме по патот на градење на младите и талентирани ученици кои во иднина ќе дадат придонес за поубава и поразвиена општина“, нагласи тој во обраќањето.

Инаку, Општина Аеродром пред почетокот на новата учебна година го заврши процесот на реконструкција на неколку училишта, сите ученици добија модерни училишни униформи, истовремено од буџетот на Општината беа обезбедени средства за субвенции за сите ученици од прво одделение, а успешно заврши и набавката на таблет-уреди кои учениците од четврто одделение ќе ги добијат на почетокот на следната недела.

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

Карпош: Соопштение

0
Општина Карпош е згрозена од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани. Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви… (за среќа...