spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Отворени училишните врати за сите ученици

Илинден: Отворени училишните врати за сите ученици

Успешен почеток на новата учебна година во општина Илинден. Училиштата подготвени ги дочекаа околу 2000 основци и над 300 средношколци. Училишната годината започна во трите централни и шест подрачни училишта, а за прв пат во училишните клупи седнаа 180 првачиња, а во СОСУ „Илинден“ во прва година се запишани околу 70 средношколци.

Општина Илинден за првачињата обезбеди училишен прибор за успешен почеток на образованието, кој денес им беше поделен на дечињата, а се одржа и пригодна свеченост за топол прием на новите другарчиња.

Годинава меѓу првачињата беше и ќеркичката на градоначалникот Александар Георгиевски , кој на приредбата беше присутен помеѓу родителите. Тој на сите ученици им посакува успешен почеток на новата учебна година, успех во совладувањето на наставните содржини и убави спомени од училишните клупи. Во текот на летниот распуст во училиштата на територија на општина Илинден беа реализирани поголем број на работни активности со цел успешно спроведување на воспитно-образовниот процес, како за учениците така и за наставниот кадар.

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...