spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Се одржа деветтиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2023“

Илинден: Се одржа деветтиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2023“

Пред голем број љубители на спортот на спортскиот терен во населеното место Мршевци се одржа деветтиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2023“ на кој оваа година учествуваа 28 екипи.

На финалниот натпревар првото место го освои екипата на „Електро Микица“, второто место „Моцарт“ и трето место за „Буларт Констракшн“, за најдобар играч беше прогласен Драган Петровиќ-Брус од Моцарт, додека за најдобар голман беше прогласен Никола Спасовски-Ниче од Буларт Констракшн.

Покрај спортскиот дел во рамки на турнирот кој траеше во текот на месец август имаше и забавен дел со музичка програма, каде настапија повеќе музички изведувачи, дополнително беше организиран и спектакуларен настап на српската атракција Тропико бенд, кадешто беше приредена одлична забава  за големиот број посетители.

Општина Илинден и оваа година го поддржа турнирот а градоначалникот Александар Георгиевски, кој беше присутен на финалниот натпревар на најдобрите им ги додели пехарите и истакна дека поддршката ќе продолжи и во иднина како за овој така и за другите спортски настани.

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...