spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Стартуваше меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“

Карпош: Стартуваше меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“

Со ревијалниот меч кој завчера вечер се одигра помеѓу ALL STAR тимот на „Сокол“, составен од поранешни учесници-финалисти на турнирот, и поранешните фудбалски репрезентативци на Македонија,  беше најавен почетокот на XIX меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, кој месецов ќе се одржи на истоименото спортско игралиште во Карпош 1. На реконструираниот фудбалски терен кој неодамна доби модерна тартан подлога, манифестацијата започна со интонирање на македонската национална химна, пред преполната публика на трибините.

Традиционалниот турнир кој и годинава се одржува под покровителство на Општина Карпош, свечено го прогласи за отворен, градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој во ова пригода ги поздрави присутните љубители на малиот фудбал, како и екипите кои ќе ги одмерат своите сили на фудбалското игралиште.

  • Оваа спортска традиција трае веќе 19 години и таа го заслужи ова игралиште што денес го имаме. Во име на фер-плејот очекувам да има коректни фудбалски натпревари и во финалето да се сретнат најквалитетните екипи. Уште еднаш топло ве поздравувам и ви посакувам да уживате во убавите фудбалски претстави – истакна Јакимовски.

Инаку, Општина Карпош го поддржува овој турнир со парични средства од својот буџет за таа намена, а покрај финансиската поддршка, локалната самоуправа изврши корекција на трибинскиот простор, кабините за фудбалските екипи и заштитната ограда на игралиштето.

Во рамки на турнирот ќе учествуваат 40 екипи кои се распоредени во осум различни групи. Според официјалниот распоред, први настапуваат тимовите на „Рома Топаана“ и „Вардарци“. Веднаш по нив следува натпреварот помеѓу „Баламов Компани“ и „Инфинити груп“, додека пак вечерниот термин ќе го затвори мечот помеѓу „ФК Влае“ и „Баламов Компани“.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...