spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Меѓународна изложба на Олд Тајмери

Карпош: Меѓународна изложба на Олд Тајмери

По  роденденот на класичниот  класик Mini вчера на плоштадот Делфина во населбата Влае, се одржа изложба на 50 возила-олд тајмери и на колекционерски предмети. Овој викенд настан е под мотото „Автомобилска рустика“.

Интересот на посетителите беше огромен како и на оние кои сакаа да ги погледнат и да се воодушеват од старо/новите возила. . На денешниот собир, освен домашните, беа присутни и четири гостински авто клубови од Република Србија. Овој настан доби и поддршка од Амбасадорот на Холандија во Македонија, кој по втор пат е учесник. Денешната колона на олд-тајмери продолжува до паркот на Франкофонијата, и потоа и до сквер Јадран. Оваа изложба завршува утре во паркот во Ѓорче Петров од 10 часот. На сите учесници ќе им бидат подарени елки туи во знакот на екологијата.

Здружението на олд тајмери „Љубители на класик мини” искажа голема благодарност до Општина Карпош која секогаш се вклучува во организација на вакви настани коишто го збогатуваат културно забавниот живот во Карпош.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...